На неделата на дизајнот што се одржува во Милано, вниманието на посетителите го привлекува надреалната инсталацијата во психоличен стил на дизајнерот Khaled El Mays. Уредени се две соби, со модуларни седишта и голем мурал со сцена која вклучува двосмислена архитектура и фигури без лица.
Модуларните седишта, според авторот, се во интеракција со постоечката серија на седишта Flora.
Претставуваат проект за тоа како се деформирани пропорциите на дизајност на Flora.
Визуелната референца на El Mays е слика на софа од 1970-тите, по која е креиран шарениот тапацир на седиштата, со дизајни налик на дигитално печатење. Боите на софата, со брановиден дизајн, се почетната точка, изјави дизајнерот за магазинот Дизајн, додавајќи дека сега се продава мебел и за во реалниот живот и за во виртуелниот свет. Постои и дебата за тоа кој е првиот и кој го создал другиот. Ова е игра на таа идеја и на таков вид на дебата – за она што го живееме сега./М.М.