Славната српска и југословенска манекенка Тамара Бакиќ, денес ќе биде погребана во родниот Сомбор. Судбината сакаше да замине истата година кога и нејзиниот децениски соработник и пријател и врсник, дизајнерот Александар Јоксимовиќ, чија муза беше повеќе од дваесет години.
Кога кон крајот на педесетите години од минатиот век се појавила на пистата на Саемот на модата во Белград не ни знаела дека наместо со правото, ќе се бави со манекенство и ќе го создаде првото Здружение на манекени во тогашна Југославија, со кое манекенството ќе стане професија.
Позната по вонвременската убавина и решителноста хирурзите да не ја моделираат, Тамата во својата 82 година настапувше во Њујорк, на Бродвеј, во Gotham Hall, на ревијата на дизајнерот Бата Спасојевиќ. Беше и остана спектакучарна, на свој особен начин, по тоа како ја носеше младешката облека на таа ревија.
Тамара Бакиќ беше повеќе од две децении во тимот на Александар Јоксимовиќ со кој има настапувано на пистите во регионот, Европа и Азија: во Будимпешта, Варшава, Москва, Санкт Петербург, Париз, Техеран, Њујорк…
Тоа беа вистински турнеи, вели Тамара, а ние репрезентацијата на Југославија која ја промовира домашната мода во светот, која стануваше сѐ посериозна индустрија, со автентични дизајнери. Тоа беа незаборавни денови, златното време на југословенската мода која ја освојуваше планетата.
Тамара Бакиќ, за последен пат затана на пистата годинава, на ревијата одржана во чест и сеќавање на славниот моден дизајнер Александар Јоксимовиќ, кој почина на 29 март годинава, од последиците на короната/М.М.