ВестиКултура на живеење

Промотивна турнеја на „The Devil Wears Prada 2“

Враќањето на Миранда Пристли ја претвори филмската промоција во глобален моден спектакл

Промотивната турнеја на филмот „The Devil Wears Prada 2“ започна минатиов викенд во Mexico City“. Првите јавни појавувања на актерската екипа предизвикаа силно внимание на модната означувајќи го враќањето на еден од највлијателните модни филмови.

Мерил Стрип и Ен Хатавеј, кои повторно ги оживуваат ликовите на Миранда Пристли и Енди Сакс се појавија во внимателно одбрани комбинации од високата мода, претворајќи ја промоцијата во своевидна ревија. Изборот на парчиња од куќи како Schiaparelli, Stella McCartney и Dolce & Gabbana не е случаен, туку јасно кореографиран визуелен наратив што го надградува филмскиот контекст.

Она што оваа турнеја ја прави особено интересна е фактот што повторно се воспоставува симбиозата меѓу филмот и модната индустрија — феномен што првиот дел го постави како стандард. Но, за разлика од 2006 година, денешниот пристап е многу посвесен и стратегиски: секое појавување функционира како медиумски настан, со силна дигитална експанзија и моментална реакција на социјалните мрежи.

Модните списанија веќе ја третираат оваа турнеја како „подвижна писта“, каде што костимографијата излегува од филмското платно и станува дел од реалниот моден дискурс. На тој начин, ликот на Миранда Пристли повторно станува референтна точка за моќта на стилот, авторитетот и визуелната комуникација во модата.

Премиерата на филмот е закажана за први мај годинава – најавата може да се види на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=e9HXmMnUEdE

Фото: The Devil Wears Prada 2“ /Инстаграм

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.