IKEA Museum ја промовира првата online енциклопедија за IKEA https://ikeamuseum.com/en/almhult/

IKEA Музејот во Älmhult, Шведска, ја лансираше новата дигитална платформа како прв и сеопфатен извор на податоци и факти за шведскиот бренд за мебел. Платформата содржи стотина приказни за основачот Ingvar Kamprad, како  и најпознати производи и дизајни од 1940-тите до денес.

Претставен е и патот на развојот на IKEA, од скромен, локален бизнис до глобален бренд со 210.000 вработени, 456 стоковни куќи и присуство на 61 пазар во светот.

IKEA Museum се наоѓа во првата продавница на брендот, отворена во  Älmhult, во 1958 година. Низ изложби и настани се претставува историјата и визијата на IKEA, како и иднината на животот во домот и на дизајнот во целина./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.