Christian Siriano ја претстави својата пролетна колекција за 2022 година во Gotham Hall, во поранешната Greenwich Savings Bank, во која подот е дизајниран со ѕвезди.

Ѕвездите и патот до нив е нешто за што Siriano знае многу, особено последниве сезони. Не само што облекува ѕвезди за црвениот тепих, како победник на Project Runway, туку и самиот стана телевизиска ѕвезда.
На прашањето дали го живее американскиот сон, дизајнерот одговара: „Сигурно. Како мало момче сакав да правам облека и да бидам моден дизајнер“. Siriano сака да ја сподели среќата и љубовта дизајнирајќи облека за многу типови ма жени. Правеше кастинг за “curve” модели пред терминот да постои, а тоа го направи повторно и со оваа колекција.


„Добиваме најлуди барања“, вели Siriano, кој сепак забележува запирање на побарувачката, особено на вечерната облека. „Претпоставувам дека тоа е она што можеби ја инспирира оваа колекција да биде малку повеќе отколку што би правел нормално“, вели Christian Siriano.

При креирањето на оваа колекција, дизајнерот вели дека гледал стари семејни фотографии, а моќната портокалова што обилно ја користи, преставува почит кон неговата баба од Италија, за која посочува дека била муза на колекцијата./М.М.

 

 

 

You may also like

Comments are closed.