Овој дом има долга и возбудлива историја – во него живеел William Randolph Hearst, таму медениот месец го поминале John и Jackie Kennedy а подоцна се појавил и во повеќе филмови.
Лос Анџелес е преполн со фасцинантни куќи, поврзани со познати луѓе но, се чини, оваа вила позната како имотот на Hearst, сместена на Беверли Хилс, има нешто особено од двете. Имотот со осум спални соби и 15 бањи, е изграден во 1927 година, од архитектот Gordon Kaufman и бил купен од Marion Davies, актерка од немите филмови, за нејзиниот партнер, William Randolph Hearst, во 1946 година. Можеби се сеќавате дека тие се во центарот на филмот „Mank“ од 2020 година, кој ги прикажува како живеат во Hearst Castle во Сан Симеон, Калифорнија, во доцните 1930 -ти години. Во овој дом живее до неговата смрт во 1951 година.
Hearst имотот е на 29.000 квадратни метри, главната зграда изобилува со врвни удобности, како што е огромната библиотека, ноќниот клуб во Арт Деко стил, кино соба, два одделни апартмана, простории за персонал и за гости, летна куќа со пет спални соби, олимписки базен и тениско игралиште.
Овие раскошни карактеристики би можеле да објаснат зошто домот привлекувал внимание и значајни луѓе низ годините. John F. Kennedy и Jacqueline Kennedy го поминале тука својот меден месец, а тогашната новинарка Jacqueline детално го опишала просторот и својата фасцинираност од него. Години подоцна, сцените на хит филмовите Godfather и The Bodyguard беа снимени токму на овој имот. Во 2019 година, Adele ја одбра оваа куќа за прослава на 31-от роденден, а Beyoncé за својот албум Black Is King.
Имотот се продава од 2016 година, како дел од стечајна постапка, кога беше наведена неверојатна цена од 195 милиони долари. Во годините што следеа цената е преполовена, а не е објавено за колку конечно е продадена./М.М.