Hulu / Disney+ претстави атрактивен тизер трејлер за серијата Becoming Karl Lagerfeld, која ќе биде достапна за стриминг (ширум светот) кон средината на летото. Оваа француска серија за високата мода и модната индустрија е развиена под оригиналниот наслов Kaiser Karl, продуцирана од Gaumont и Jour Premier, со шест епизоди кои ќе бидат достапни за гледање во јуни.
Познатиот германски моден дизајнер Karl Otto Lagerfeld почина во 2019 година, по богата и сложена кариера. Серијата Becoming Karl Lagerfeld ги носи гледачите во срцето на седумдесеттите, во Париз, Монако и Рим, за да го следат величествениот развој на оваа легендарна, комплексна фигура на париската мода, веќе водена од амбицијата да стане крал на модата. Помеѓу судирите на гламурот и егото, грандиозните забави и деструктивните страсти, серијата развива приказната за Karl пред Lagerfeld. Daniel Brühl го игра Karl Lagerfeld, Théodor Pellerin е Jacques de Bascher, Arnaud Valois е Yves Saint Laurent…
Серијата Becoming Karl Lagerfeld е креација на писателката Isaurа Pisani-Ferry (“Ganglands”, “Vampiri”, “Kabul Kitchen”), според идејата на Christoph Riandee. Сценариото е на Nathalie Hertzberg, Raphaëlle Bacqué, Jennifer Have и Isaurа Pisani-Ferry. Режисери на епизодите се Jérôme Salle, Audrey Estrougo и Isaurа Pisani-Ferry. Disney ќе ја претстави првата епизода од серијата Becoming Karl Lagerfeld на платфромата на Hulu, како и на D+ насекаде во светот од седми јуни годинава. /М.М.