Постојат бројни описи на виетнамскиот Crazy House, изграден во Далат, планинско одморалиште во јужен Виетнам. Комплексот, познат и како Hang Nga Guesthouse, важи за необично место, по многу нешта единствено во светот.
За некого авангарден, за други бизарен, овој своевиден лавиринт од спирални скали, скулптурни соби и брановидни надворешни и внатрешни површини, е дело на 83-годишната Dang Viet Nga, која вели дека комплексот е израз на нејзината имагинација.


Crazy House е кулминација на мојот живот и на мојата креативност – сето тоа е собрано во оваа структура, вели Dang, ќерка на поранешниот генерален секретар на Виетнам, Truong Chinh, за CNN Travel. Сакав да создадам нешто оригинално, пионерско – различно од било што друго во светот.
Откако докторирала архитектура во Москва, Dang работела неколку години во Русија, а потоа се преселила во Ханој, каде што работела на владини проекти. На службено патување во Далат, Dang вели дека се заљубила во бујниот пејзаж, пријатната клима и љубезните луѓе и се надевала дека на крајот ќе се пресели таму. Тоа и го сторила, во 1983 година.


По децении работа на развој на државни објекти, кадешто безмалу и не се барала креативност, таа решила да создаде нешто сосема особено. Кога во 1990 година, биле направени плановите за Crazy House наместо нацрти, создадени се слики, за да ја пренесат нејзината фантастична визија.
Како форма на експресионистичка архитектура, нема прави агли, туку органски форми кои се дизајнирани да ги пресликуваат природните елементи, како печурки, школки, пештери… Така почнал да се создава The Crazy House, хотел-лавиринт со десет соби за гости, секоја со име на растение или животно.


Crazy House никогаш нема да биде навистина завршен – како нешто живо, постојано се менува. На прв поглед, надреалните структури потсетуваат на сцени од сликите на Salvador Dali или, можеби, дури и на органските дела на модернистичкиот каталонски архитект Antoni Gaudi.
За Dang пораката со која сака да комуницира е повторното поврзување на природата./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.