Трендови на кои нема да можеме да им одолееме во наредните денови!
Маникир трендовите се веќе искристализирани и со задоволство ќе ги носиме во наредните денови, недели и месеци. Ова е особено видливо во светот на маникирот, каде главниот збор го земаат впечатливите нијанси и интересни комбинации на дезени, кои сигурно ќе донесат ведрина на целото наше издание!
Важноста на изгледот на нашите нокти ја потврдува прилично импресивната колекција на лакови што ги собираме на нашата козметичка полица. Оваа година, трендовите во маникирот се прилично јасни, па затоа се оддалечивме од класиката и минимализмот и нешто поедноставните, посуптилни маникири, а во преден план се трендовите кои тешко може да останат незабележани. Значи, нашиот маникир ќе биде доста интересен, многу креативен и само небото ќе биде нашата граница во играта со дезени и бои. Еден микротренд во маникирот се истакна уште на крајот на 2020 година, а оваа година ќе доживее вистински бум, и секако е неодолив маникир за тигар./М.М.