Кога зборуваме за рози, обично ги споменуваме како нешто убаво, миризливо и декоративно, но далеку помалку се познати придобивките од ливчињата од роза, чија употреба има долга историја во народната медицина каде што се користеа за правење чај.
Богат со витамини, чајот од роза е моќен засилувач на имунолошкиот систем.
Покрај убавината и романтизмот со кои е поврзана, црвената роза може да се користи како лек бидејќи е богата со витамин Ц, што ја прави ефикасна во зајакнувањето на имунолошкиот систем.
Народната медицина смета и дека розата е добар лек за многу болести, бидејќи е одличен извор на витамини А, Б, Ц, Д и Е, а нејзините ливчиња содржат етерични масла, танини, шеќер, лимонска, винска киселина и ароматични состојки.
На Средниот Исток, Кина и Индија, розовата вода, направена од ливчиња од роза, се користи во подготовка на многу јадења, но и за нега на нечиста кожа и како лек за смирување на дигестивните проблеми. Оние кои користат антибиотици, за обновување на цревната флора се препорачува да пијат еден до два чај три пати на ден, пред јадење.
Тоа не е се: чајот од сушени ливчиња од роза ја чисти крвта, го зајакнува срцето, нервите, го чисти црниот дроб, органите за варење, го освежува уморното тело, ги ублажува болките во матката. Добро е да го пиете ако имате главоболки, ако страдате од несоница … Чајот од роза е одличен лек и ако имате болки во грлото или воспалени гласни жици.
Подготовка: една лажичка ливчиња од роза се прелива со два децилитри врела вода, се покрива, се остава да отстои десетина минути, се цеди, се засладува со мед, бидејќи го подобрува нејзиниот ефект, особено ако се користи за смирување или подобар сон. Треба да се пие половина час пред јадење./М.М.