Georges Hobeika инспирацијата за својата најнова ready-to-wear колекција за пролет-лето 2022 година ја црпи од цветот на нежната орхидеја. Исклучителната деликатност на овој разнобоен цвет, инспирира голем број силуети од колекцијата. Со голема разновидност на стилови, изгледите го потврдуваат легендарниот сензибилитет и плодната имагинација на Georges Hobeika како Grand Couturier.
Комбинирајќи ја елеганцијата и раскошниот вез, ја поттикнува фантазијата со воздушни, тенки и лесни ткаенини – со перфинет изглед и величествени обвивки.
Вечерните фустани, засилени со сензуални и женствени деколтеа, се пријатни за носење за секоја жена, се вели во преставувањето на колекцијата, на сајтот на модната куќа: https://georgeshobeika.com/ready-to-wear-spring-summer-2022 /
Величествените кроеви, неочекуваните јазлите и наборите, како и везовите и шарите, со кои се потврдува врвното познавање и вештината на мајсторите занаетчии, ја оживуваат префинетоста на овие облеки, дизајнирани за модерни божици.