Во Велес вчера е одржан првиот од трите инфо денови од проектот „Fashion Employment Hub“, насловен како „Прашајте го експерот“. Настанот беше можност за модните брендови и младите дизајнери да постават прашања и добијат одговори во врска со најголемиот моден саем во југоисточна Европа – Athene Fashion Trade Show. Саемот треба да се одржи на почетокот од наредната година, во периодот 26-29 јануари, а десет дизанјери и претставници од индустријата преку проектот ќе бидат избрани и поддржани од текстилниот кластер да учествуваат на Саемот.
Темата на „Прашајте го експертот – Како да се подготвите за вашата прва посета и вмрежување на саем“ започна со Наташа Сивевска, извршен директор на ТТА-Текстилен калстер, со вовед во она за што всушност се залага проектот „Fashion Employment Hub“ како и со презентации на партнерите од Грција.


Во едукативниот дел учествуваа презентери и поддржувачи на проектот. Модната дизајнерка Ирина Тошева презентираше различни гледишта и начини на промовирање дизајнерски колекции. Потоа Сања Лазаревска, директорката на брендот за био-разградливи хулахопки „Four Twenty-Two“ зборуваше за своите досегашни искуства од учество на саеми. На настанот свој придонес даде и Кристина Илиевска, директорка на агенцијата „ONLYAFEW“, со својата онлајн презентација за тоа како се пристапува на купувач и како се претставува своето портфолио на еден моден саем или изложба. Се претстави Светлана Богова Јовановска, ко-основач на Македонскато Модно Здружение и директор на Моден Викенд Скопје, со клучни фактори за промовирање млади дизајнери за време на изложби, саеми и модни настани.


Текстилното Трговско Здружение – Текстилен Кластер од Штип, заедно со Промо Идеа од Струмица како и грчките партнери “Life Lon Learning Center” од Серес и “Hellenic Fashion Industry Association” од Солун се дел од проектот „Fashion Employment Hub“, кој е кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички во Интеррег ИПА ПС програмата „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 година“./М.М.

You may also like

Comments are closed.