Ralph Lauren за својата празнична кампања направи прослава во својот клуб во Њујорк, во друштво со Angus Cloud, Gigi Hadid, Luka Sabbat и, секако, со семејството на Ralph Lauren Fragrances.

Љубовта е во воздухот додека ги разменуваат подароците – легендарните мириси – Polo Collection, Ralph’s Club, Polo Earth и Romance, се посочува во белешките на брендот, по повод промоција на празничната кампања.

Ralph’s Club е парфем што ги буди чулата и со своите ароми не води во нови ноќни авантури во градот. Парфемот сега е нова ѕвезда во Ralph Lauren кампањата која ја истражува темата на заедништвото и на она што таа, како подарок, претставува.

Лансиран во пандемијата, Ralph’s Club парфемот заслужува многу поголемо внимание. Парфемското шише на Ralph’s Club e во црн мат дизајн со „висока концентарција на смелост и топлина“. Ralph’s Club е со горни ноти од лаванда и жалфија, кедар од Вирџинија во средината и ветвивер на крајот, за обликување на мирисната композиција./М.М.
https://www.ralphlauren.com/men-accessories-fragrance/ralphs-club-eau-de-parfum/602581.html

You may also like

Comments are closed.