Здравите навики се битен дел од нашето секојдневие. Секој може да си одвои време да подготви брз и здрав оброк, без разлика дали преферира да го конзумира за доручек или ужина. Овој рецепт е едноставен за правење, можат да го конзумираат и вашите деца, а што е најбитно го снабдуваат вашиот организам со доза на хранливи материи.
Потребни состојки:
- овесни снегулки
- банана
- јогурт
- лажица мед
- овошје по избор: малини, боровинки, мандарини.
Овесните снегулки, јогуртот и бананата се мешаат и се оставаат 10 минути. Потоа одозгора се додава овошјето и медот.
Наздравје!/Б.Б.