Родената британка, со години беше „француска икона“, позната по тоа што нејзиното име го носеа луксузните чанти на Hermès.
Француските медиуми објавија дека Jane Birkin е пронајдена почината, во нејзиниот дом.
Англиско-француската ѕвезда стана позната по врската со музичарот Serge Gainsbourg и важеше за стилска икона во доцните 1960-ти и 1970-ти години. Двојката има ќерка, Charlotte Gainsbourg, која е наградувана актерка и пејачка.
Личната и уметничка врска со Gainsbourg – кој почина во 1991 година – ја направи позната низ светот, по нивниот тогашен хит “Je t’aime… moi non plus”.
Birking беше модел, а стана и позната како модна трендсетерка, инспирирајќи ја и најпознатата и најскапата на светот – Birkin чантата.
Од 1984 година, кога за прв пат е направена, Birking ташната е создавана во бројни варијанти, од различни видови кожа, со различен облик на копчиња, но цената и вредноста на овој моден додаток е постојано зголемувана.
Приказната за Birking чантата ја раскажува и Hermes, на својот сајт. Кој можел да замисли, се посочува во текстот, дека еден од најпосакуваните објекти во последните децении ќе се роди на небото, во 1984 година, на лет од Париз до Лондон? Jane Birkin, седејќи до Jean-Louis Dumа, извршниот претседател на Hermès (1978-2006), се жалела дека неможе да најде чанта за нејзините потреби како млада мајка. Jean-Louis Dumа кој бил и креатор, веднаш ја скицирал новата чанта, со посебен простор за шишенцата на нејзиното бебе!
Birking чантите во Hermes се чекаат по неколку месеци, а цените достигнуваат повеќе илјадници евра. Токму затоа, Birking чантата е едновремено ексклузивен моден додаток и вносна инвестиција.
Аукциската куќа Ѕotheby’s во својата електронска продавница продава користени Birking чанти по цени над 18.000 евра. Тоа потврдува дека Birking чантите се вносна инвестиција и вредни колекционерски примероци./М.М.