Mugler ги облекуваше сите – од супермоделите од 90-тите, како Naomi Campbell и Kate Moss, до денешните ѕвезди како Cardi B.
Претставниците на Thierry Mugler, на неговиот Инстаграм профил објавија дека дизајнерот починал. Дополнителни информации за смртта на 73. годишниот дизајнер засега нема.
Mugler ја започна својата кариера во раните 70-ти во Париз,во модната куќа Karin. Неговото дело остана запаметено по дизајнот на широки рамења, како и кон театралност во креациите. Работата на Mugler беше забележително инспирирана од 1940-тите, како и од остро дефиниранитепарчиња и футуристичките влијанија.
Во текот на неговата кариера, Mugler креираше за многу модели и ѕвезди, меѓу кои и за Naomi Campbell, Lady Gaga, Rihanna, Cardi B, Beyoncé…/М.М.