„Како син на бикот“ – Пост Малоун во новата кампања на SKIMS
Американскиот рапер и пејач Пост Малоун (Post Malone) стана заштитно лице на првата машка кампања на модниот бренд SKIMS. Во кампањата тој го претставува новото издание на камуфлажната колекција Realtree-print camo.
Во изјава за кампањата Малоун вели дека искуството било „страшно, но забавно, а тој се чуствувал како „убав син на бикот“.
Realtree-print camo на SKIMS е линија на машка облека за секој ден, како и долна облека (боксерки, маици, поткошули) со дезен инспириран од воена и ловечка облека, со мотиви што имитираат шума, лисја и гранки.
Со оваа колекција брендот сака да внесе урбан и „outdoor“ дух во секојдневната облека, комбинирајќи удобност со впечатлив моден изглед.
Инаку, SKIMS , моден бренд на Ким Кардашијан, основан пред седум години со колекции на женска долна облека, денес да нуди и спортска, секојдневна и машка линија./M.M.

 

You may also like

Comments are closed.