Употребата на цвеќиња во дизајнот со векови е модна основна. Користењето на цвеќињата во облеката е евидентирано во Античка Грција и Рим. Последниве години, одредени дизајнери ги користеа за да го разубават изгледот на модните писти, иако е јасно дека користењето свежото цвеќе не е практичен избор поради непостојаноста.

Дизајнерите сега освен цветен принт и вештачка флора, во создавањето на транс-сезонски изглед со цветни детали се повеќе ги користат 3D цветните украси.


Така, неколку актуелни колекции вклучуваат 3D принтани цветови, а тој тренд продолжува и низ колекциите наменети за 2024 година.
Забележливо е и дека како што се приближуваат деновите на празнувањата, така расте интересот за 3D цветни украси на фустаните и наметките.


Освен тоа што ќе дадат дополнителен елемент на дизајнот на повеќе од секојдневните изгледи, ќе бидат и вистинско освежување во однос на во се и сешто и на секаде присутните светки./М.М.

You may also like

Comments are closed.