Riley Keough во Chanel, Hailee Steinfeld и Brie Larson во Prada

Последното издание на Golden Globeѕ по многу нешта беше поинакво од досегашните: се одржа по штрајкот што минатата година безмалу ја запре индустријата и е прво издание откако доби нови сопственици – Dick Clark Productions и Eldridge. Сето, заедно со креативниот ремонт на модната индустрија, дополнително ја искомплицира работата на стилистите за долгоочекуваниот црвен тепих. Сепак, номинираните за Golden Globes се појавија облечени во модели на своите омилени модни куќи оставајќи впечаток дека гламурот и романтиката се вратиле во Холивуд.


Armani и Louis Vuitton доминантни брендови
Сите погледи беа вперени во ѕвездата на Barbie, Margot Robbie и нејзиниот жежок розов фустан, дело на Armani што се однесува на суперѕвездата Barbie од 1977 година. Од бројните номинации, филмот на крајот отиде со прва награда за филмско остварување, за успех на благајните од една милијарда долари.
Margot Robbie во Armani
Еден од водечките брендови вечерта беше Armani, бидејќи низа номинирани и презентери го одбраа италијанскиот бренд за свој изглед. Номинираната Selena Gomez и водителката Amanda Seyfried излегоа на црвениот тепих во Giorgio Armani Privé. Брендот облече и импресивна линија на машки номинации, вклучувајќи ги: Leonardo DiCaprio, Matt Damon, Robert De Niro, Charles Melton, Martin Scorsese, Ben Affleck, Will Ferrell and Finneas O’Connell.

Вечерта доминираа и моделите создадени од Louis Vuitton. Тие ја облекоа Emma Stone, од Poor Things, која ја доби наградата за актерка во мјузикл или комедија. Француската луксузна куќа ги облече и Barry Koeghan, Oprah Winfrey, Colman Domingo and Sandra Hüller.
Barry Koeghan, Oprah Winfrey и Sandra Hüller во модели на Louis Vuitton.
Meryl Streep во Valentino и Natalie Portman во Dior.


Во согласност со настанот, а сепак потпирајќи се на друг концепт, беше изгледот на Meryl Streep дизајниран од Valentino. Natalie Portman за фустанот од Dior рече дека е импресионистички пејзаж од цвекенца и фиде.


Julianne Moore и Michelle Yeoh во Prada, Florence Pugh во Valentino.
Класичните силуети беа присутни вечерта и во голема мера беа поддржани од Dior. Така, во изгледот на Jennifer Lawrence пленеше темното сино кадифе, додека добитничката на Golden Globe Ali Wong носеше свилен креп фустан со плетенка и јасен акцент.
Jennifer Lawrence и Ali Wong во модели на Dior./М.М.

You may also like

Comments are closed.