Guerlain

GuerlaMuguet, односно тоалетната вода Muguet, на парфемската куќа Maison Guerlain, е повеќе од традиција: прослава е на доаѓањето на пролетта, низ израз на еден уникатен и крајно сложен мирис, со помош на мал, среќен шарм, во форма на ѕвонче. Годинава ќе бидат направени 4.500 тоалетни води Muguet, во оригинално шише, создадено од дизајнерката Luciе Toure. https://www.guerlain.com/us/en-us/p/muguet-by-lucie-toure—P018103.html

Секоја година, Maison Guerlain јa обновува традицијата со француската момина солза, ставајќи ја во календарот на парфемите, за да го прослави доаѓањето на пролетта. Во 1908 година, Jacques Guerlain го создал првиот парфем Muguet (момина солза).

Секоја година, се прави ново, ограничено издание, а од 2016 година е со ново, оргинално пакување, создадено во соработка со најдобрите занаетчии на Франција, за и така да се прослави  шармот на Мајката Земја.

Muguet  од таму е повеќе од мирис – го означува и почетокот на една традиција која се одржувала пролет по пролет повеќе од 110 години!

Свежа и цветна, момината солза ги дели ливчињата за да открие мазна, нежна нота на цветот, а во парфемот се зајакнува и затемнува со акценти на јасмин и роза, за да ја воведе пролетната топлина. Како развигор, како мајски ветер, сладок и нежен, како излив на среќа, Muguet се појавува со сета своја убавина.

Познат како „тивок“ цвет, затоа што не ја ослободува својата суштина, создавањето на мирис со момина солза е вистински предизвик за парфемерите. Мирисна илузија на нејзината неверојатно природна сладост се создава благодарение на уметничката мешавина на скапоцените состојки на парфемерот. За да ги интензивира своите многубројни аспекти, се додаваат мирисни блесоци на роза и јасмин. Резултатот е GuerlaMuguet, како израз на уникатниот и крајно сложен мирис на овој мал, среќен шарм, во форма на ѕвонче./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.