Веќе неколку години е модел на Models In кој настапува и надвор од земјата. – Мартина е дипломиран криминолог и нутриционист. За промените кои дојдоа со моделингот вели: Иако цело време спортувам и се хранам здраво, откако стапнав во модните води, уште поголем акцент му дадов на изгледот и на здравиот живот. Се промени и менталниот склоп: станав позрела и ме оформи на вистински начин. – Наскоро ќе ја гледаме во една нова македонска серија, во која има улога, како и во ангажманите со Models In.

ММ: Како би ја опишале модната сцена во Македонија, каде е во споредба со сцената во регионот и што би било карактеристично за регионалниот моден простор? 

Македонската модна сцена, со еден збор би ја опишала, а тоа е – незадоволителна. Мислам дека имаме голем капацитет кој незнаеме да го искористиме на вистински начин. Во споредба со регионот ние сме во независна ситуација бидејќи, без нивна соработка, не би можеле да се пласираме на светскиот пазар. Регионалниот моден простор има свои критеријуми и, за разлика од нашиот, е многу построг, како и конкретен, во исполнувањето на тоа како треба да изгледа еден модел.

ММ: Колку се смени животот откако ја започнавте кариерата на модел?

Мојот живот се смени за 360 степени! Иако цело време спортувам и се хранам здраво, откако  стапнав во модните води, уште поголем акцент му дадов на изгледот и на здравиот живот. Се промени и менталниот склоп: станав позрела и ме оформи на вистински начин.

ММ: Со што се занимавате покрај моделингот? 

Студирав криминологија, а освен тоа се занимавав и со нутриционизам и спортував – пливање и пилатес. 

ММ: Модел во Македонија и да се биде модел во светот – може ли да се направи паралела?

Кога се мисли на модел во Македонија, се мисли на некој што горе-долу ги исполнува критериумите на модел, а тоа е солиден изглед и добро однесување. Светот е бескрупулозен – телото мора да е перфектно, лицето чисто и свежо, а духот исполнет со многу трпение.

ММ: Со кого би сакале да соработувате во иднина?

Би сакала да соработувам со светски модни брендови како Victoria secret, D&G, Dior…

ММ: Кои се добрите и лошите страни на моделингот? Колку жртви се потребни да се влезе во светскиот моделинг?

Светот на модата бара многу жртви и откажувања. Голема посветеност, истрајност и борба да бидеш најдобра верзија на самата себеси.

Позитивни страни: кога ќе си го видиш својот успех на модна ревија, фото-сесија или во некоја кампања.

Негативна страна: понекогаш моделингот е неблагодарен – и покрај сите напори и вложувања, може да се случи да изостане очекуваниот резултат од работата.

ММ: Како го опишувате вашиот личен стил на облекување?

Лежерен, во зависност од расположението. Обожувам да носам трендовски парчиња, но искомбинирани во спортски стил.

ММ: Ваш совет за оние кои сакаат да станат модели?

Работа, работа и, само работа, тоа е мојата парола! (и на физички и на психички план)

ММ: Треба ли да се верува дека соништата се остваруваат кога ќе станеме достојни за нив? Кои се вашите планови за годинава?

Во глобала, соништата се исполнуваат кога сме во баланс со самите себе, што не доаѓа преку ноќ и без труд.

Плановите за годинава ми се првин да сум здрава, а потоа да почнам со снимање на една нова македонска серија, во која добив улога, како и многу ангажмани што ми престојат со Models In./M.M.

More in:Модели

You may also like

Comments are closed.