Фестивалот за уметност BlowUp во Хаг, Холандија, годинава е сместен во срцето на градот, во каналот пред тврдината Hofvijver, која датира од 13 век. Од средината на мај до втори јуни, на своевидна пловечка градина се поставени фантастични креации на водечките холандски дизајнери. Имено, за третото издание на BlowUp фестивалот, кураторката Mary Hessing за соработка ги одбра најпознатите холандски дизајнери и студија.
Четири времени уметнички дела, специјално дизајнирани од Marcel Wanders, Job Smeets, Studio Mieke Meijer и Sigrid Calon се поставени на понтон.
Пловечката градина е дом на несекојдневни уметнички дела на надувување, каде што учениците од Yverta, предводени од еколошки пејзажни архитекти и визуелни уметници, ги обликуваат зеленилото и водните карактеристики на овој уметнички рај.
Пловечката градина со уметничките дела на надувување трае само три недели!/М.М.