Брендот Rose In Good Faith од Лос Анџелес, во соработка со Doc Johnson создаде патики користејќи пластика рециклирана од секс играчки.

Освен влошката од плута, целите патики се произведени во комбинација на пластика добиена од оштетени играчки за возрасни и неизбелена пена етилен-винил ацетат (EVA).


Имаат подигнат лак во подножјето, дизајниран да го поддржува стапалото, со обликување според неговата форма, по неколку часа носење што ги прави удобни и оригинални.
Основачот на Rose in Good Faith, David Teitelbaum, дошол на идеја да создаде патики направени од секс играчки откако ја посетил Doc Johnson, една од најголемите компании за секс играчки во САД. Верува дека чевлите наречени Plastic Soul можат да го намалат отпадот од несаканите полимери и да помогнат во чистењето на индустријата за обувки.
Сакавме да го отстраниме табуто и да го започнеме разговорот околу сексуалната и здравјето, а и да направивме неверојатни патики, вели David Teitelbaum.
По две години работа, преставен е Plastic Soul, како прв производ од низата планирани.
Иако Teitelbaum верува дека Plastic Souls може да биде решение за пластичниот отпад, пената EVA што се користи во нејзината основа сепак е направена од нафта, се посочува во магазинот Дизајн.
Патиките на Rose In Good Faith чинат 130 евра и веќе се во продажба./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.