Шведскиот моден бренд Hennes & Mauritz AB (H&M) ја отвори својата прва продавница во Скопје. Се наоѓа во Ист Гејт Мол и е на простор од 2.300 квадратни метри.
H&M во Скопје го пречекаа повеќе од 1.000 купувачи кои уште во раните утрински часови застанаа во редот пред продавницата за да бидат меѓу првите купувачи.
Пригодно, сите посетители добија до 50 проценти попуст на одбраната облека и такво намаление ќе биде важечко до крајот на викендов, до 21 август. Првите 100 купувачи застанати во редицата добија и вредносни картички за подарок од H&M.
Доаѓањето во Северна Македонија H&M претходно го прослави со пригоден настан, со повеќе јавни личности и модни ентузијасти, инфлуенсери и претставници на медиумите, кои имаа можност за ексклузивен шопинг пред отворањето.
Од H&M соопштија дека во Југоисточна Европа, брендот е присутен и во Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Романија, Србија, Словенија и Турција./М.М.