Од денес до 14 мај, во Хотел Лимак, Скопје, ќе се одржува првиот саем за козметика, коса и естетика – BEAUTY EXPO ’23 “.
Четириесетте изложувачи на посетителите им ги претставуваат новитетите од светот на beauty индустријата и, како што посочуваат организаторите од Арт Школата за убавина и Во Бело, добредојдени се сите козметичари, фризери и естетичари, како и сите кои сакаат да се информираат или да набават производи за домашна и лична употреба, по промотивни цени и со саемски попусти.
BEAUTY EXPO овозможува и присуство на Public Spot едукативни презентации, како и богата, едукативна и забавна програма. Домаќин и водител на Саемот е Миа Костова.
Официелното отворање, со богата програма е денес, во 20 часот.
Во сабота Саемот ќе биде отворен од 09 до 21 часот, а во недела од 09 до 20 часот, кога е и неговото затворање.
Влезниците се со цена од 200 денари и можат да се купат на влезот на Саемот, во хотелот Лимак или, он лајн на купикартизасе. Информации за Саемот можат да се добијат и на:
https://www.instagram.com/saemzakozmetikamk/