Copenhagen Fashion Week (CPHFW) е првата модна недела каде што за учество модните куќи мораат да исполнат 18 стандарди за одржливост.
Настанот, кој се одржува од денес до трети февруари, вклучува 30 брендови, меѓу који се и Ganni, Saks Potts и Stine Goya и растечките (Di)vision, Holzweiler и Rotate. Новите брендови Selam Fessahaye (Шведска), TG Botanical (Украина) и Stamm (Данска) се номинирани за годишната награда Zalando за одржливост ( Zalando Sustainability Award).
За да учествува, секоја модна куќа мораше да добие одобрение од Комитетот за изложби на CPHFW и на Комитетот за одржливост на CPHFW.
Не сите апликанти успеаја да поминат низ скринингот за одржливост, вели извршната директорка на CPHFW, Cecilie Thorsmark. Ќе продолжиме да ги поддржуваме оние на кои им треба малку повеќе време и се надеваме дека ќе можат да се претстават во блиска иднина“, вели таа.
Минималните стандарди, првпат се објавени во 2019 година, за да им дадат време на брендовите да спроведат промени, да ги опфатат стратешките насоки, дизајнот, изборот на материјали, работните услови, ангажираноста на потрошувачите – се до самите модни ревии. Ова вклучува организирање настани со нула отпад, исклучување на пластична амбалажа за еднократна употреба, обезбедување правична плата и работни услови низ синџирот на снабдување и производство на колекциите и тоа од најмалку 50 отсто сертифицирани, рециклирани, обновени или непотребни материјали. Брендовите, исто така, мора да покажат посветеност на различноста и вклученоста при вработувањето, особено за менаџерските улоги.
CPHFW е првата модна недела што го имплементира ова ниво на критериуми за одржливост, што покажува посветеност не само за намалување на влијанието на самите модни ревии, туку и за градење поодржливи и поетички модни бизниси во текот на целата година.
За во август оваа година, кога е летната модна недела, забрането е и крзното, што е значаен потег, со оглед на историјата на Данска во производството на крзно./М.М.