Првото издание на Фестивалот на југоисточен регион е одржано во саботата во Градскиот парк во Богданци.
На Фестивалот е организирана дегустација на слатка од диви смокви со који изобилува овој регион, слатка од капини, џем од шипинки, ракии, мед, оцет од диви јаболка, производи од лешник, како и производи од тартуфи…
Целта на фестивалот е промоција на локалните и на традиционалните еко производи. Организтор на настанот е Еко-Росалес, а подржувачи се Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Слоу фуд Македонија и Општина Богданци.