Модните трендови секоја сезона имаат свој момент, а ова есен и зима тоа е големиот долг и топол шал со реси што допира дури до петиците.
Модните инфлуенсери веќе почнаа да ги дополнуваат своите есенски гардероби со додатоци подготвени за зимата, вклучувајќи го и шалот со долги реси. За зимската колекција на Bottega Veneta карактеристични се додатоците украсени со реси, од плетени фустани, до палта и шалови.
Годинава, импровизации со реси направи и дизајнерката на модната куќа Fendi, Kim Jones. Колекцијата есен/зима 2021 година беше украсена со крзнени јаки и долги шалови со реси.
Ресите можат да се видат и во други колекции, како Balenciaga и Chloe, кои нудеа повеќе лежерни верзии на облека или додатоци, додека екстравагантни идеи презентираа Еtro и Alberta Ferretti.
Иако трендот со ресите започна уште во ланската сезона, тие добија вистинска популарност дури оваа година. Претходно ги нудеа само луксузни брендови, додека сега долгите шалови со долги реси можат да се најдат и во повеќето модни продавници на мало./М.М.