Модерната, забавната и интерактивната новогодишна детска претстава „Сами сме дома” во која настапуваат 70 ученици од актерската школа на Весна Петрушевска ќе се прикажува во Дом на АРМ, оваа сабота, 10-ти декември. Се работи за две претстави од кои првата, со почеток во 12 часот е веќе распродадена, додека за втората, која започнува во 14 часот, сеуште има билети.
„Драги деца и родители, повелете да ја проследите новата хит новогодишна детска претстава „Сами сме дома” која премиерно ќе биде изведена оваа сабота, во Дом на АРМ. Билетите можат да се резервираат преку контакт телефонскиот број 078/227-316.
Со преставата сакаме да им покажеме на своите деца дека можат да ги допрат ѕвездите!, вели актерката Весна Петрушевска. Да бидам искрена, со многу работа, домашни работи и љубов, моите ученици прераснуваат во мали актери, кои на публиката можат да им ја пренесат сета среќа и тага од драмските текстови. Токму тоа го кажувам со самодоверба, затоа што знам колку напорно заедно сме работеле за тоа да го постигнеме.” додава Петрушевска./М.М.