Дизајнот и интегративната терапија се комбинираат во облеката на Laura Deschl за „лекување траума“.
Laura Deschl создаде The Healing Imprint, терапевтска облека што изгледа како зимско-рекреативна, но е направена со цел да помогне во лекувањето на трауми. Проектот беше развиен за да го истражи потенцијалот на комбинирање на акупресурата (неинвазивната практика која потекнува од традиционалната кинеска медицина ) со движења слични на јога, за лекување на траума.
Deschl по завршувањето на Академијата за дизајн во Ајндховен, Холандија, почна со правење плетена облека, по нарачка, со зашиена решетка во нив, што овозможува мали топчиња за масажа да се вметнат и да се преместат на одредени точки за акупресура на телото, стапалата, рацете и главата.
Естетиката на облеката е слична на рекреативна облека, а целосниот комплет вклучува боди, ракавици, чорапи и перница. Идејата е да се комбинира акупресурата со практиката на отелотворено движење засновано на јога, што ќе и овозможи на телесната тежина на една личност да го зголеми притисокот на целните „аку-точки“.
Deschl проектот на облека за лекување го базира на истражување кое покажува како во физикалните терапии може да се вклучи акопресурата, за да им помогнат на луѓето да заздрават од траума.
Облеката е плетена од претежно мерино волна, обложена со еластично предиво,специјално произведено за проектот. Сликите на меридијани ее направени од рециклирана плетена спортска ткаенина, додека топчињата за масажа се од драги и полудраги камења.
Отпечатокот за исцелување вклучува упатство кое покажува каде да се постават топчињата и за кои симптоми, за да се олеснат тест сесиите со пациентите со траума.
Deschl, како социјален дизајнер и уметнички истражувач, има искуство во модата и текстилот, како и во наставата по јога. The Healing Imprint е нејзин магистерски проект на Академијата за дизајн во Ајндховен и е симбол на нејзиниот интердисциплинарен пристап./М.М.