Обландите со карамел се совршени, особено доколку подготвувате прослава, или, сакате неделниот ручек со семејството да го завршите со вкусен десерт.
Потребни се следниве состојки:
- три јајца
- 500 гр шеќер
- 200 гр путер или маргарин
- 200 гр грубо сечкани ореви/ лешници
- 200 гр брусница или суво грозје
- 300 гр мелени бисквити
- 150 гр темно чоколадо
- две лажици масло
- два листа обланда
Се топат 300 гр шеќер во карамела. Додадете путер или маргарин, а потоа промешајте додека не се растопи. Изматете ги јајцата и 200 гр шеќер со миксер, а потоа додадете ги во карамелата. Промешајте и варете околу 3-4 минути, додека јајцата не се загреат и зовријат. Тргнете го од оган, додајте ги оревите/лешниците, брусницата/грозјето и бисквитите, а потоа се добро промешајте за да се изедначи смесата. Оставете десетина минути смесата малку да се излади, потоа премачкајте ја обландата и ставете уште една врз филот. Оставете 30 минути смесата малку да се стврдне, потоа притиснете со нешто потешко и оставете ја преку ноќ.
За глазура растопете го чоколадото со маслото и прелијте ја обландата. Оставете да се стегне, а потоа исечете ги според желба./Б.Б.