Малку познато кај нас, маслото од семе од кактус е ценето поради неговите исклучителни состојки и ефикасноста. – Маслата од семе од кактус не треба да се мешаат со масла кои се прават со натопување на цветовите на кактус во минерално масло, кое всушност е нафтен дериват. – За да се добие еден литар масло од семки од кактус, со екстракција или ладно цедење, потребна е една тона кактусово овошје од кое се вадат само 25 килограми семе

Маслото од семе од кактус е релативно нов производ, поради што сè очекува дури во наредните години да го завземе своето место на пазарот. Поради неверојатните особености, маслото дефинитивно ќе стане лидер во козметичката индустрија во иднина.

Позитивните ефекти на маслото од кактус врз телото се бројни и значајни: се работи за моќен антиоксиданс, кој го забавува стареењето на кожата, ја обновува на клеточно ниво,  природен лек е за егземата, ги обновува оштетените нокти и коса, а помага и во  борба со акните.

Освен што одлично ја навлажнува кожата и има исклучителен ефект против стареењето, ова масло содржи повеќе витамин Е од кој било козметички производ на пазарот. Содржи најголем процент на незаситени масни киселини (88%), како: олеинска (20,6%), линолеинска (60,5%), стеаринска (3,2%), и палмитинска (13,9%),  а  токоферол (895 мг) / кг, има една третина повеќе од арганово масло.

Ценето е и скапо поради процесот на подготовка. За да се добие еден литар 100% природно, екстра девствено масло од семки од кактус, со екстракција или ладно цедење, потребна е една тона кактусово овошје, од кое се вадат  25 килограми семе. Семето содржи само околу пет проценти масло.

Инаку кактусот денес и низ векови е користен и како храна и како лек: свежите лисја, на кои претходно им се отстрануваат боцките, исушени и мелени во прав, се користат за медицински цели. Ацтеките го користеле кактусот за лекување на изгореници, Кинезите за лекување на гнојни рани, а Индијанците го јаделе и правеле сируп за лекување на кашлица и астма. Во традиционалната мексиканска медицина, се користи за лекување на дијабетес и висок холестерол./M.M.

You may also like

Comments are closed.