Оваа есен во нашите продавници во моловите Ист Гејт и Сити Мол пристигна новата модна сензација на колоритни комбинацији со кои, без сомнеж, нема да останете незабележани, се вели во соопштението за новите колекцији на брендовите на Fashion Group. Освежете го вашиот гардеробер со ултра модерни парчиња за вас и вашите најблиските, кои може да ги најдете и онлајн во нашиот e-shop fashiongroup.com.mk или на бесплатната апликација.
Бидете забележани на секое вечерно излегување во новите парчиња на Desigual, уникатната жолта јакна и здолниште искомбинирајте ги со потпетици Steve Madden во индиго сина боја од новата колекција достапна во продавниците на Fashion&Friends.
Женствениот предзнак е секогаш нагласен, најчесто преку изборот на елегантни модни додатоци од накитот од Parfois.
За дневните прошетки или пак кафе со пријателите уживајте во елегатниот конфор на пантолони и кошули на италијанскиот бренд Dan John, а навечер оставете силен впечаток во розовото Bitsiani палто.
Springfiled чизмите се “must“ парче кое треба да го обновите во вашиот ормар на кои буквално секоја девојка не може да им одолее.
За сите урбани и лежерни комбинацији секогаш нашиот прв избор би бил SuperDry, додека за најмалите ги имате веселите парчиња на Okaidi, Mango kids и Guess.
Во вашата мултибренд продавница Fashion&Friends ве очекуваат сите фаворити за оваа сезона. Фотографиите од сесијата се направени од Бојан Стоилковски во продукција на Fashion Group./М.М.