Rankin и Stefflon Don им оддаваат почит на музичките sвезди од 80-тите преку необична фотосесија
Скопје, 15. јануари 2021. година – Компанијата Samsung Electronics претстави галерија со дела на легендарниот британски фотограф Rankin, целосно фотографирани со новиот Samsung Galaxy S21 Ultra паметен телефон. Во соработка со британската рап уметничка, пејачка и текстописец Stefflon Don, Samsung и Rankin им оддадоа почит на култните женски музичари од 80-тите години на минатиот век, кои ги инспирираа денешните музички sвезди, од корен ја променија културата и го отворија патот за новата генерација визионери.
Комбинирајќи го духот на осумдесеттите со моќната енергија на модерните социјални мрежи, Rankin и Stefflon Don си поиграа со оваа легендарна ера, создавајќи фотографии и видеа за Инстаграм и ТикТок. Боите, стилот и естетиката на содржината се целосно трансформирани со помош на леќата на камерата на Samsung Galaxy S21 Ultra телефонот. Како уред што ги поместува границите на она што еден паметен телефон може да направи, S21 Ultra им овозможи на Rankin и Stefflon Don да достигнат ново ниво на креативност и изразување и да ги споделат со публиката на социјалните мрежи. Овој вид на медиуми создаде нова форма на уметност, а цела една генерација корисници на социјална мрежа се посветени на креирање, споделување и прегледување содржина на нивните мобилни уреди, а Rankin се приклучи на овој растечки тренд со овој проект.
„Составен дел од мојот креативен процес е истражување на нови техники и методи за создавање револуционерна содржина. Работејќи со Stefflon, компанијата Samsung и Galaxy S21 Ultra телефонот, успеав да разбудам нов вид креативност во себе, притоа останувајќи верен на себе и на мојата естетика. Го работев тоа што го сакам и тоа беше целосно на паметниот телефон – креирав, снимав, уредував содржина погодна за социјални мрежи, на начин што ја смени мојата работа надвор од она што мислев дека е можно“, рече Rankin и додаде дека е многу горд што имал можност да им оддаде почит на инспиративните легенди од 80-тите, кои во нивно време слободно ја изразувале својата индивидуалност, а и денес продолжуваат да ги мотивираат новите генерации. Со него се согласи и Steflon Don, велејќи дека уметниците од 80-тите години на минатиот век го отворија патот кон успехот на музичарите како неа, и дека соработката со компанијата Samsung и Rankin е извонредна можност за да се оддаде почит на нивниот одличен стил и енергија.
Користејќи ја професионалната камера на Galaxy S21 Ultra телефонот и неговата 8K Video Snap функција, Rankin лесно можеше од 8К видео снимките да „извлече“ фотографии со висока резолуција, доловувајќи ги сите живописни детали од снимањето во форма на фотографии и видеа снимки, создадени за споделување на социјални мрежи. Новата Director’s View опција му овозможи на Rankin да ги прегледа и избере најдобрите фотографии, за во целост да се пренесе духот на 80-тите години, додека Vlogger View обезбедува можност за истовремено снимање видео со предна и задна камера, менување на кадри и зумирање до 100 пати со 100x Space Zoom.
Телефонот Galaxy S21 Ultra претставува најново поглавје во децениската традиција на Galaxy S серијата, што овозможува супериорно мобилно искуство. S21 Серијата доаѓа во три модели кои одговараат на различни животни стилови – Galaxy S21 и S21+ го нудат најновото водечко искуство кое ќе им помогне на корисниците да го извлечат максимумот од секој момент, додека S21 Ultra им нуди најсовремена технологија на оние кои секогаш сакаат да бидат чекор понапред од сите. Со уреди како овие и моќта на социјалните мрежи, сегашните и идните генерации ќе продолжат да ја изразуваат својата индивидуалност, откривајќи и зајакнувајќи ги генерациите пред и по нив.
Za više informacija o Galaxy S21 telefonima posetite https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-5g/ ili https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-ultra-5g/.
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Со своите идеи и технологија, Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областите на телевизиските апарати, паметните телефони, носечките уреди, таблети и дигитални домашни апарати, мрежни и LSI системи, меморија и LED технологија. За дополнителни информации и вести, посетете ја news.samsung.com
За Rankin
Rankin е британски фотограф, издавач и филмски режисер. Неговото портфолио вклучува сè, од портрети до документарни филмови, а некои од имињата со кои работел се бендовите The Rolling Stones и The Queen, David Bouvi, Kate Moss, Kendall Janner и многу други
Rankin во 1992 година, заедно со Jefferson Hack, го започнаа списанието Dazed & Confused, а како други публикации се вклучуваат и AnOther, AnOther Man, печатено и дигитално издание посветено на модата и популарната култура Hunger, како и повеќе од 40 книги. Неговото дело е објавено насекаде – од неговите публикации, до списанијата Elle, Vogue, Esquire, GQ, Rolling Stone и Wonderland, а ги има изложено и во галерии ширум светот, вклучително и во Музејот MoMA во Њујорк и Викторија и Алберта во Лондон. Како режисер, создаде кампањи за Nike, L’Oreal, Dove, Pantene, Diageo, Women’s Aid и Comic Relief, како и музички спотови за Miley Cyrus, Rita Ora, Kelis…
За Steflon Don
Steflon Don, чие вистинско име е Стефани Ален, е популарна британска рап уметничка, пејачка и текстописец. Нејзиниот подем на британската рап сцена беше молскавично, бидејќи за кратко стигна до првите 10 на топ листите во Британија, како и на Билборд листите. После тоа, нејзината кариера одеше само во нагорна линија.
Со потекло од Јамајка, Стефани е родена во Бирмингем, а на четиригодишна возраст со своето семејство се преселила во Холандија. Во Лондон се вратила кога наполнила 14 години, за да ја започне својата музичка кариера, работејќи со британски рап уметници – Bizzle и Sneakbo. Наследството од Јамајка на Стефани и има силно влијание врз нејзината музика, а може да се почувствува и влијанието на шпанската, португалската и африканската култура.
Светската слава ја стекна во 2017 година, кога нејзиниот дебитантски сингл „Hurtin Me“ во соработка со French Montana се најде во првите 10 во Британија, достигнувајќи платинумски статус. Стефани денес има обожаватели низ САД, Јужна Америка и Европа, со 2,3 милијарди слушања на Apple Music платформата, 444 милиони прегледи на Vevo, 1,2 милиони следбеници на YouTube и 2,5 милиони на Инстаграм. Соработуваше со бројни светски sвезди, како Drake, Lil Kim, Skepta, Mariah Carey и Sean Paul.
За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.