Подигнувајќи го парфемот на ниво на уметничко дело, L’Art & La Matière ја преставува и рефлектира чудесната љубов кон убавото, што е во духот на куќата на парфемите Guerlain уште од нејзиното основање.
L’Art & La Matière е колекција на парфеми на Guerlain инспирирана од уметноста. Тоа е колекција на уметноста и на ретки состојки со кое се создаваат уметнички дела во светот на парфемите. Есенва колекцијата од 11 мириси е надополнета со четири нови парфеми за линијата на L’Art & La Matière да овозможи потполна персонификација на посакуваниот парфем.
L’Art & La Matière е збирка мирисни ремек -дела за вистинските љубители убавото. Изработени се од рацете на парфимерите на Guerlain. Секоја креација во колекцијата L’Art & La Matière е родена од уметничка емоција, од неизбришлива трага оставена во сеќавањето на секој Guerlain парфимер. Како уметници водени од својот креативен гениј, тие ги обликуваат најубавите материјали за да создадат смели дела, со талент и страст./M.M.
https://www.guerlain.com/at/en-at/fragrance/lart-la-matiere/