Лидија Георгиева – колекција ПЕЈСАЖ БР. 22

Пејсаж бр. 22 е колекција произлезена од потребата да се истражи влијанието на современата технологија во корелација со недостатокот од потребната доза на природа во нашето секојдневие. Дигиталниот свет е место во кое поминуваме сè повеќе време, па дури и кога се наоѓаме во природа, нашето доживување е испреплетено и придружено со социјалните мрежи и користење на новите технологии.
Па така, пејсажите кои ги гледаме во текот на денот, се сè повеќе дигитални одколку реални. Гледаме наши и туѓи фотографии од разни патувања, во потсвеста дефилираат слики од минатото, сегашноста, бајките, сериите, филмовите, видео игрите, не сме веќе сигурни дали има граница со реалноста, линиите се нејасни. Во оваа реална/нереална игра, пејсажите се измислени, сонувани, шумски, со звуци, мириси, растенија, животни и главни ликови кои можеби постојат, а можеби и не. Тука се, преку отпечатоците карактеристични за стилот на брендот, везените флорални мотиви, рачно плетените дизајни, архивски корали и разни други камчиња.
Приказната е збогатена со стилизиран вез инспириран од орнаментиката на старословенските ракописи, поточно елемент од Псалтир со последование, коj датира од 16-от век. Тој мотив е во континуирана истрага и се појавува и во претходните креативни авантури на брендот.
Колекцијата е работена според принципите на слоу фешн, знаејќи дека е неопходно во иднина дизајнот да се одвива во рамките на одговорен однос кон планетата и животната средина. На секој дизајн е посветено особено внимание, креаците се уникатни, изработени од квалитетни материјали, секој детал има свој придонес кон генералната форма и порака.

Лидија Георгиева – колекција ПЕЈСАЖ БР. 22

Лидија Георгиева – колекција ПЕЈСАЖ БР. 22

Лидија Георгиева – колекција ПЕЈСАЖ БР. 22

Лидија Георгиева – колекција ПЕЈСАЖ БР. 22

Лидија Георгиева – колекција ПЕЈСАЖ БР. 22

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.