Два светски бренда во прва заедничка колекција што го спојува аеродинамичниот дизајн на суперавтомобилите со авангардната естетика на модата.
Автомобилскиот гигант Automobili Lamborghini и Balenciaga и објавија ексклузивна соработка која ги спојува световите на модата и на врвната автомобилска технологија. Претставена како дел од колекцијата за 2025, сега е достапна на официјалната веб-страница на balenciaga.com.
Идејата зад оваа соработка произлегува од заедничката визија на двата бренда – постојано истражување на границите на иновацијата, авангарден дизајн и посветеност на техничка извонредност. Колекцијата го отелотворува духот на суперспортските автомобили, создавајќи специфичен визуелен израз што ја одразува енергијата и динамиката на двата бренда.
Кампањата, фотографирана од Стеф Мичел, ги претставува клучните изгледи од есенската колекција 2025, дополнети со парчиња од Balenciaga x Lamborghini серијата. Посебен акцент е ставен на детали инспирирани од автомобилската икониографија – линиите на облеката и аксесоарите рефлектираат аеродинамичност и футуристички пристап.
Колекцијата вклучува тренди маици, кожни бомбери, тркачки јакни, тренерки, накит, патни шолји, како и ексклузивни изданија на чанти Rodeo и Hourglass чантите, украсени со логото на Lamborghini. Особено внимание привлекува лимитираната верзија на долга бела маица, инспирирана од новиот хибриден суперспортски модел Lamborghini Temerario, достапна во 630 примероци.
Соработката со Lamborghini доаѓа во период на значајна трансформација за Balenciaga, со најавено именувањето на Pierpaolo Piccioli за нов креативен директор. Со неговото пристигнување, се очекува нов и сосема поинаков пристап кон креативната насока, со што нова димензија може да добие и идната соработка со Lamborghini./M.M.



















