По “Flash Orange”, „Honey Flux“ и “Ochre”, а следејки ја неон темата, брендот Adidas летово, поточно од први август, лансира “Glow Green„ папучи.
Како и производите од претходните колекции, и овие папучи се направени од EVA пена, која, освен удобна мекост, на папучите им дава и убава, тркалезна естетика.
Поради привлечниот и препознатлив дизајн, брендирањето е речиси невидливо. На подножјето го наоѓаме логото на „адидас“, додека надворешниот дел е без лого. Промотивната цена ќе биде 60 УСД./M.M.