До 31 октомври ќе биде поставена изложбата „Неонска рефлексија“ на којашто во излозите на Францускиот институт и кафе-барот Нано во Скопје се претставени инсталации од македонскиот уметник Антонио Пирковски.
Илустрирајќи го градот како отворена галерија преку уметност прикажана во излозите, идејата е да се поттикне комуникација помеѓу пошироката публика и уметноста, притоа, овој пат, раскажувајќи мултидимензионални приказни за трансхуманизмот и технолошката еволуцијата на човештвото преку неонската рефлексија.
Специјален гостин на проектот беше Солин Д’Абовил, светски познат дизајнер, сценограф и специјалист за креирање на излози, основач на агенцијата Manymany во Париз и креаторка на некои од најкреативните излози во светот.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Францускиот институт и кафе-барот Нано./M.M