Берта, израелската модна куќа специјализирана за невестински и за вечерни фустани, ја претстави својата колекција за 2021 година. Берта Балилти, единствениот дизајнер на оваа модна куќа е израелка, но со египетско потекло. Основач и директор на модната куќа Нир Москович, зетот на Берта. Според модните магазини во светот ELLE и VOGUE, Берта спаѓа во редот на водечките светските дизајнери за венчаници и вечерни фустани.
Инаку, колекцијата FW 2021 на модната куќа БЕРТА беше преставена и на NYBFW, на посебен виртуелен настан и предизвика голем интерес во јавноста.
Колекцијата е вирална и на социјалните мрежи, каде што моделите во невестинските фустани на БЕРТА, можат да ги видат девојките од целиот свет.
Идните невести ќе можат да го пронајдат својот фустан од бајките во рамките на колекцијата MUSE by BERTA Vista Mare,исполнета со магични креации направени со прекрасни тулови, како и во БЕРТА Колонија, со сложени, софистицирани и гламурозни креации направени од богати ткаенини. Што се однесува до невестите кои сакаат класична, невестинска облека, колекцијата BERTA Privée бр. 5 ќе биде совршено прилагодена кон нивните барања, со уникатни парчиња, освежувачки кројни пресврти на традиционалната силуета и со рачно изработени апликации. Повеќе информации за новите колекции можат да се најдат на сајтот на Берта: https://www.berta.com//M.M.