Во светот на модата, кадешто двонасочните соработки се безмалу практика, оние тринасочни, на Jean Paul Gaultier x Sacai x Nike Vaporwaffle Woven, се чиста реткост. Добрите, барем. Три години по првиот заеднички проект, реализиран во 2020 година, триото повторно заеднички создава: и – доколку тогаш се сметаше дека колекцијата е чудна, оваа ги подигнува границите на чудни дизајни на ново ниво.
Направени во две бои, „Green Gusto“ и „White“, овие модели за првпат се појавија во 2019 година, а во основа се деконструиран приказ на класичниот Waffle од 70-тите години на минатиот век. За разлика од претходните изданија, направени од мрежа или најлон, францускиот дизајнер VaporWaffle сега има конструкција направена од сите видови ткаенини и материјали.
Но тука не е крајот на чудата: во стил карактеристичен за јапонската модна куќа Sacai, дуплирани се и системите на врвките и на „јазикот„ на патиките. Дури и средниот ѓон е дуплиран. Деталите на ко-брендот се испечатени околу задната страна, а сето ова е спакувано во ексклузивна кутија на Nike, наменски направена за оваа соработка.
Jean Paul Gaultier и Sacai имаат посебен вид на комуникации и соработка. Во 2021 година, кога Gaultier објави дека се повлекува по пет прекрасни децении, Chitose Abe, од Sacai, беше задолжен како гостин дизајнер да ја направи првата „потоа„ колекција на висока мода.
Jean Paul Gaultier x Sacai x Nike Vaporwaffle Woven е продолжение на ова извонредно партнерство. Новите чудно, почудни патики, ќе се појават во е-продавниците на 22 ноември, по цени од околу 200 евра./М.М.