Секоја модна агенција внимателно ги следи успесите на своите модели на интернационалните пазари и предвидува каде би се пласирале за следната сезона. Странските модни агенци во овој период од годината, вообичаено ги продолжуваат своите договори со матичната агенција на модели, надевајќи се и на нови, атрактивни лица. Токму затоа Моделс ИН Менаџмент ја направи својата листа на најдобри или најбарани модели кои работеле интернационално за успешни брендови.
1. Елена Реи – Нашиот топ модел одлично ја заокружи 2022 година во која, во своето огромно портфолио, вклучи одлични кампањи и соработки за Chopard, со модниот магазин Shinsegae, како и со реномираната дизајнерка Diane Von Furstenberg.
2. Ивана Караџова – Интернационалниот модел кој мината година беше на релација Кина – Милано – Турција, имаше кампањи за козметичката куќа Axuan , модниот бренд Shеin, како и заштитно лице на L’Oréal.
3. Татјана Јанушева – Неверојатен пробив за нашиот интернационален модел во светските центри за мода – Париз и Милано. Ja изработи кампањата за Miss Sixty , а веднаш потоа следуваа ангажмани за модното списание Колектор Магазин, кадешто ги представи колекциите на Prada и Gucci, како и каталог за брендот Sportmax.
4. Магдалена Георгиевска – Минатата сезона ја започна својата модна приказна во самиот епицентар на модата – Милано . Освен ангажманите за мејкап туториали, Георгиевска имаше фотографирање за модно списание кое ќе излезе во февруари оваа година.
5. Наја Андруха – Мината година беше можеби една од најтешките за интернационалниот модел, заради војната во Украина и огромните последици. И покрај тоа Наја се покажа како врвен професионалец и ги одработи сите проекти кога престојуваше во нашата земја. Нејзиното огромно искуство во моделингот како на платно го преслика во секој свој ангажман.
Кај момците ситуацијата беше интересна бидејќи имаше модели кои веќе работеа претходно но имаше и такви кои се појавија и веднаш беа лансирани во центрите за мода.
1. Мухамед Енуз – Неверојатниот изглед и големата професионалност му овозможија на нашиот прекрасен модел да изработи фантастични проекти сублимирани во една нецела година. Па така откако ја изработи кампањата за Balmain, веднаш отиде за Милано каде работеше на шоуто за Moncler и на кампањата за новиот парфем на дизајнерот Joni Peci.
2. Христијан Стојаноски Крис – Долгата и успешна кариера на нашиот интернационален модел му овозможи да работи на егзотични места и дестинации . Од различните проекти и кампањи који успешно ги изработи беа и оние за Champion , Polo како и комерцијалниот каталог за престижниот дизајнер Calvin Kline.
3. Андреј Пајмакоски – Оствари подолги престоји во Кина, од Шангај до Гуангжоу. Имаше фантастични проекти и соработки со одлични кинески брендови , а откако се врати работеше во Белград за два тамошни бренда.
4. Никола Андоновски – Повеќе беше достапен на Балканот заради неговите приватни планови и обврски . Но и покрај тоа, успешно ја за заокружи годината со кампањата за интернационалниот бренд XYZ која беше работена на повеќе локации.
5. Павле Николовски – Со неговата кариера на интернационален модел која трае повеќе од 10 години, Николовски лани беше на релација Шпанија – Турција – Дубаи. Меѓутоа, сите агенции беа согласни дека сега изгледа најдобро и неговата форма на тело ја довел до совршени пропорции. Освен во каталози, беше ангажиран и во кампања за наочари.
Моделс Ин Менаџмент