Иако престојува повеќе од една година во далечната Азија, нашиот модел Христијан Стојаноски- Крис не застанува со нови проекти и ангажмани. Помеѓу последните негови поголеми модни успеси се издвојуваат кампањата за спортскиот бренд Fila и модниот едиторијал за престижниот магазин Da Man. Фотографиран во магичните паркови на Џакарта – Индонезија, нашиот Крис носеше облека на Dior, Hermes, Louis Vuitton и Prada.
Неговите ангажмани како интернационален модел го одведоа на бројни, посакувани светски дестинации како Бали, Суматра, Филипини, Тајланд и Сингапур.
Како интернационален модел Христијан Стојаноски – Крис веќе седум години е присутен на модната сцена, а како позначајни успеси се кампањите за Tommy Hilfiger, Louis Phillipe, Adidas, Peter England и Gap.
Од неговата матична агенција Моделс Ин Менаџмент истакнуваат дека Крис во моментов престојува во Таjпеј, Таjван каде што со засилено темпо продолжува да ја гради својата кариера.
Моделс Ин Менаџмент