На Lenovo Tech World ‘23 Motorola ги претстави нвоите можности на вештачката интелигенција и на адаптабилните дисплеи.
Во белешките за промоцијата се вели дека Motorola со години е во првите редови на иновациите, со посветеност на потрошувачите да им донесе нови и значајни искуства. Вградени се бројни функции на вештачка интелигенција во многу уреди, како камера, батерија, дисплеј и перформанси. Затоа годинава на конференцијата за иновациски технологии, Lenovo Tech World ’23, Motorola ги прикажува иновациите кои ги редефинираат можностите за флексибилен хардвер и воведуваат нови карактеристики на вештачката интелигенција.
Откривањето на концептот за приспособлив екран е најновиот одговор на потребите на потрошувачите. Новиот телефон на Motorola може да се свитка како нараквица и да се обликува според потребите на корисниците. Во исправена положба уредот е стандарден Android телефон со екран од 17.5 сантиметри. Исто така и долниот дел од уредот може да се превитка и да послужи како стабилна површина на која телефонот се потпира./М.М.