Mакедонскиот бренд „Ла Дама” го одбележува денот на жената 8 Март со кампањата „Напред, девојки”. Како бренд што ги инспирира, мотивира и ги поттикнува девојките, жените и сите дами да се „облечат” во најдоброто и да чекорат со шарм и самодоверба, активностите на „Ла Дама” траат во текот на целиот месец март.


Од „Ла Дама” велат дека една жена е сето она што треба да претставува и што се очекува од неа да биде – луцидна девојка, нежна и грижлива мајка и сопруга, одговорен професионалец, ведра пријателка.
Годинава имаме и активност што трае до 27 март и би сакале да ве поканиме да нè посетите во изложбениот салон на „Скопје моден фестивал” во „Сити мол”, на кој се претставуваме со лимитирана колекција – уникатни хулахопки во боја и доколенки што се достапни исклучиво таму, посочуваат од „Ла Дама”.
„Ла Дама” е уникатна македонска приказна за производство и дизајн на хулахопки и чорапи, која започнува во еден семеен дом во Струмица, во сега веќе далечната 1992 година. Брендот производува женски и детски хулахопки и чорапи, а своето долгогодишно искуство и традиција на пазарот го користи за постојано создавање квалитетни производи што ги задоволуваат и најспецифичните барања на македонските жени и девојки./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.