Нашиот модел Мухамед Енуз синоќа настапи на спектакуларнтото шоу пред катедралата Дуомо во Милано, по повод 70 годишнината на светскиот бренд Монклер. Со повеќе од 200 модели, танчери и уметници, плоштадот пред Дуомо делуваше магично и нестварно.

За Мухамед ова е втор значаен проект во моделингот, откако пред еден месец замина за Милано, кадешто едновремено работеше и на кампањата за модното списание MM SCENE, за брендот Balmain Hair Couture. Неговата интернационална кариера започна ова лето, откако матичнаа агенција Моделс ИН Менаџмент, во соработка со Фокс Моделс од Белград решија да го пласираат во Милано. Енуз направи одличен пробив на модната сцена, носејќи ги со себе вродениот шарм и моќта за трансформација.
Моделс ИН Менаџмент

 

You may also like

Comments are closed.