Постојано зголемување на продажбата на Secondhand облеката може да помогне во решавање на проблемот на одржливоста на модната индустрија

Благодарение на зголемената побарувачка на потрошувачите и новите дигитални платформи, како Tradesy и Poshmark, кои ја олеснуваат размената, пазарот за дигитална препродажба брзо станува следна голема работа во модната индустрија.

Последните извештаи говорат дека пазарот на  Secondhand облека на САД брзо расте а дека за десет години тројно ќе се зголеми: од 28 милијарди американски долари минатата година, на 80 милијарди американски долари во 2029 година. Во 2019 година, Secondhand облеката се прошири 21 пати побрзо од конвенционална облека.

Потенцијалот на Secondhand облеката има тенденции да влијае и врз брзата мода – деловниот модел кој се карактеризира со ефтина и еднократна облека што се појави во раните 2000-ти, од брендовите како H&M и Zara. Брзата мода растеше експоненцијално во последните две децении, значително менувајќи го модниот пејзаж, произведувајќи повеќе облека, дистрибуирајќи ја побрзо и охрабрувајќи ги потрошувачите да купуваат прекумерно, по ниски цени. И додека брзата мода се очекува да продолжи да расте  20% во следните 10 години, Secondhand модата се предвидува да порасне 185%.

Подемот на продажбата на облеката од втора рака е во сериозен, постојан и забрзан подем, така што може да помогне и во решавањето на кризата на одржливост во модната индустрија

Проучувањето на потрошувачката и на одржливоста покажува дека Secondhand облеката има потенцијал да ја преобликува модната индустрија и да го ублажи штетното влијание на оваа индустриска гранка врз животната средина.

Пазарот на secondhand облека е составен од две големи категории, продавници и електронски платформи за препродажба. Неодамнешниот бум се должи токму на платформите за препродажба.

Secondhand облеката долго се перципира како излитена и извалкана, главно барана од трагачи или ловци на богатства. Сепак, оваа перцепција се менува и сега многу потрошувачи сметаат дека  Secondhand облеката е со идентичен, па дури и супериорен квалитет. Исто така, се појавува и тренд на „модно превртување“ – или купување половна облека и нивна препродажба – особено кај младите потрошувачи. M.M.

 

You may also like

Comments are closed.