„Vogue World: Hollywood 2025“ е трето издание на глобалнен проект со кој Vogue ја заокружува својата мисија – да ја прикаже модата како уметност што ги поврзува сцената, улицата и екранот.

Во гламурозниот амбиент на студиото „Paramount Pictures“ во Холивуд, викендов се одржа најновото издание на спектаклот „Vogue World“, овојпат посветено на длабоката врска меѓу модата и филмот. Настанот под наслов „Vogue World: Hollywood 2025“ претстави единствена синергија меѓу модниот дизајн, филмската уметност и костимографијата.
Организиран од редакцијата на Vogue, во соработка со светски познати дизајнери и студиски костимографи, овој модно-филмски спектакл го претстави најдоброто од двете индустрии: ревии со култни парчиња инспирирани од филмски класици, сценски настапи со препознатливи ѕвезди и момент на ода на костимографите – често невидливите херои зад секој голем филм.

Приходите од продажбата на билетите се наменети за поддршка на професионалците од индустријата на костими и сценографија кои беа погодени од неодамнешните пожари во областа на Лос Анџелес, со што Vogue уште еднаш ја покажа својата посветеност на културната и општествена солидарност.

Меѓу гостите се најдоа бројни актери, модели и дизајнери кои со своето присуство ја потврдија идејата дека модата е нераскинлив дел од приказната што филмот ја раскажува. Сценографијата, инспирирана од класичните холивудски студија, ја пренесе публиката во златното време на филмот, но со модерен дух и интерпретација.
„Vogue World: Hollywood 2025“ е трето издание на глобалниот проект „Vogue World“, по настаните во Лондон и Њујорк, со што Vogue ја заокружува својата триптихна мисија – да ја прикаже модата како уметност што ги поврзува сцената, улицата и екранот./M.M.

Слики: Vogue/ Kendam

You may also like

Comments are closed.