Светот на модата станува сè посвесен за потребата да се произведуваат етички одржливи добра, особено кога се во прашање модните парчиња од природно крзно.
Миланската модна недела го покажа токму тој тренд – постојаното опаѓање на колекции со крзно. Така, за Прада, крзното беше синтетичко и сеприсутно, користено не само за палта и украси, туку и во декорот на изложбата, покривајќи sидови и подови. Прада уште пред две години објави дека повеќе нема да користи вистинско крзно во своите дизајни или нови производи преку брендовите за облека, обувки и додатоци. Овој потег уследи по сличните одлуки во врска со етичкото производство од страна на други влијателни модни куќи како Burberry, Gucci и Giorgio Armani.
Иако естетиката на крзно е сè уште барана, ваквите одлуки докажуваат дека дизајнерите сè уште можат да создаваат екстравагантен и раскошен изглед, не поткопувајќи ги напорите на движењата за заштита на животните.
На миланската модна недела Фенди презентираа неколку комбинации со крзно, но со нов пристап – ја промовираа повторната употреба на материјали од претходните колекции, уште од осумдесетите години.
Фирентинската куќа Ферагамо во својата колекција за наредната есен и зима претстави плетена облека, со драматични раб, што наликува на крзно.
Бидејќи светот на модата станува сè посвесен за потребата да се произведуваат етички одржливи добра, погледите се свртени кон се помалиот број луксузни куќи кои допрва треба да забранат крзно, како Dior, Saint Laurent и Louis Vuitton. Со денес достапната технологија за реплицирање на текстурите, дизајнерите остануваат без изговори за конечно да ја направат оваа замена./M.M.