Кожни ремени, корсети, високите чизми и врвките со децении имаат свое влијание врз модата. Она што сега се издвојува на модните писти на кои се промовираат колекциите за есен/зима 2022 година е поставување на слободен дух со кој се прави обид да се подобри основниот монохроматски изглед и да се создаде мода за посебен вид клиенти.
Повторливите елементи на пистата оваа сезона вклучуваат мрежи, тантела, чизми до бутовите, ремени, изразити влошки за рамениците, корсети и премногу кожа.
Така, корсетите доминираат во добар дел од колекцијата на Dior, вклучително и палто дизајнирано за силуета што ја стега половината. Модната куќа дури го имплементира корсетот дури и на фармерки со принт.
Versace, исто така, со гордост вградува откачени детали за дизајн во својата најнова колекција. Во соопштението за печатот се вели дека целта е да се даде „моќно и заводливо чувство на мистерија… За да го постигне тоа, модната куќа си поигрува со елементи и стилови како што се кристални и метални синџири, цврсто стиснати половини, латекс ракавици и чизми над колена.
Свои изгледи во сличен стил за претстојните сезони понудија и Richard Quinn, Di Petsa, Roberto Cavalli , DIDU и многу други./М.М.